Како “датумот” стана прашање на живот или смрт

П: Толку ни го пумпаа оптимизмот со месеци, што сега неминовно ќе бидеме како издишан балон. Имиџот на тие од Владата - најмногу.

1523
Во конкретниов случај, Заев не е виновен за недобивањето на датумот. И кочничарите во ЕУ велат дека бараните услови се исполнети, но Унијата прво треба да се среди малку самата себеси, пред да продолжи со преговорите за проширување.
Затоа, пак, Заев е многу виновен за создавањето на сликата дека тоа е прашање за живот или смрт. Со месеци, откако НАТО го апсолвиравме, главна тема на сите политики на Владата е „датумот“. Како да тој ќе го донесеше веднаш или многу бргу сето она што го очекуваме од членството во ЕУ.
Тоа е таа политичка неумешност, која ја гледаме во сите области.
Добивањето датум, дури и најголемите подржувачи на СДСМ ќе ги радуваше шест саати, можеби 12, додека не сфатеа дека животот не им променет на подобро ни за милипромил. Исто колку што им го менуваат головите на Стојанче Стоилов и на Елиф Елмас. Зборувам за обичните луѓе, кои го поддржуваат СДСМ. Некои други веројатно ќе се офајдеа од „датумот“.
А недобивањето – смак на светот.
Толку ни го пумпаа оптимизмот со месеци, што сега неминовно ќе бидеме како издишан балон. Имиџот на тие од Владата – најмногу.
Оваа гарнитура е речиси три години на власт, и ние уште им порачуваме: опаметете се, побарајте други луѓе, средете си ја политиката… Веќе нема време за тоа. Ниту ќе се опаметат, ниту ќе побараат други луѓе, ниту ќе си ја средат политиката. Главен адут ќе им остане дека другата страна е полоша.
Се согласувам, но не сум сигурен дека доволен број луѓе го делат моето мислење. И да го делат, бесни се заради сите Катици, Бокиевци, Кикиевци, Фрикиевки, Шилежиња и многуте други. А неколку месеци порано или подоцна, изборите се ближат.
ПС. Спасот можеби (ќе) лежи во Макрон, ако се согласи на датум непосредно пред следните избори, напролет, на наредниот самит на ЕУ.
(ФБ статус на авторот)
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...