Како би изгледала нацистичката престолнина ако победел Хитлер (ФОТО)

487
ФОТО: Јутјуб / Принтскрин

Проектот започнал во 1937 година. Направена била огромна макета, а цели делови на градот Берлин биле отстранети, сѐ во исто време додека се планирал холокаустот. Хитлер визијата на својата нацистичка дистопија сакал да ја нарече „Welthauptstadt Germania“ (Метропола на светот Германија) и требало, во теорија, да биде готова во 1950 година. Шпер веќе го импресионирал Хитлер со својата работа во Нирнберг, каде што намерно реинтерпретирал класична архитектура во масивни и многу нацистички градби осмислени да исплашат и да ја зголемат моќта.

Луди идеи

Идејата на Шпер и Хитлер била да се земат сите монументални згради, булевари или скулптури што Европа ги има и да се направат копии, само неколкупати поголеми. Повеќето од тие убавини би биле низ седум километри долгиот булевар, кој најдобро би ја илустрирал големината и моќта на нацистичка Германија. На југот би се наоѓала триумфална капија, како онаа во Париз, само шестпати поголема. На север булеварот би се отворил кон ледината за одржување паради, која се пружа кон големата „Хитлерова палата“. Неговата палата ја инспирирале елегантните градби од римскиот Пантеон и Базиликата „Св. Петар“, но на Хитлер големината му била поважна од елеганцијата. Просториите биле замислени на 99.000 квадратни метри со 200.000 тони материјал. Тоа би бил центар на нацистичкиот култ и центар, срце на велеградот, и најголема затворена зграда на светот, која би можела да прими 180.000 луѓе. Само здивот на тие луѓе би создавал дожд, бидејќи влагата би се фаќала за плафонот и би произведувала дожд. Изграден бил само мал дел од зградата, а канцеларијата на Хитлер била уништена во бомбардирањето на Берлин во 1945 година.

Сѐ помасивно

На 10 км од центарот бил направен стадион за Берлинската олимпијада, која се одржала во 1936 година. Бил најголем во Европа, сличен на римскиот Колосеум, само 200 метри подолг. По успехот на Игрите, Хитлер заклучил дека му е потребна помасивна арена, но таа била изградена само до половина. Остатокот од велеградот би бил премрежен со патишта, железничка, тунели и простории за престојување. Самата околина не би била добра за своите жители, кои по градот морале да се движат низ компликувани тунели под земјата за да не ја нарушат убавината и складот на надворешниот изглед. Архитектурата била искористена за буквално и метафорички да ги убие луѓето во поим. Со земја биле срамнети цели берлински квартови, одземени биле повеќе од 60.000 станови и повеќе од 100.000 Германци останале без покрив над главата. Од Евреите биле преземени 25.000 стана. Биле исфрлени, пратени во гета, па во логори на смрт, а Германците без дом биле набуткани во нивните домови.

ФОТО: Јутјуб / Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...