Како бебе го оставиле во контејнер за ѓубре, сега е милионер

На 24 години, младиот пронаоѓач веќе имал дизајнирано 80 софтверски програми, а освен умствено-работните способности, во својата околина важи и за човек со високи морални вредности. Нуди стипендии и помош за програми за млади, помага при плаќањето долгови на оние кои не можат да се справат со тоа…

689

Фреди Фигерс (30) како бебе бил оставен во контејнер за ѓубре, а денес е извршен директор на компанија вредна 62 милина долари.

Тој е роден во градот Квинси, Флорида, САД, а мајка му го оставила на буниште бргу по раѓањето. Кога Нејтан и Бети Фигерс го вдомиле, Фреди бил стар само два дена.

Својата фирма Фигерс комјуникејшн, тој ја основал додека бил тинејџер. Освен тоа, тој е сопственик на четири патенти, а со технологија се занимава од дете. Кога имал девет години, сосем самостојно, го поправил својот прв калкулатор. На 12 години веќе имал вештини на техничар, а три години подоцна ја основал и фирмата.

Кусо потоа на неговиот татко му бил дијагностициран Алцхајмер, па момчето изработило специјални патики со вграден ГПС-уред за двонасочна комуникација. Тој изум за кусо време му донел заработка од 2,2 милиона долари.

На 24 години, младиот пронаоѓач веќе имал дизајнирано 80 софтверски програми, а освен умствено-работните способности, во својата околина важи и за човек со високи морални вредности. Нуди стипендии и помош за програми за млади, помага при плаќањето долгови на оние кои не можат да се справат со тоа…

Како што коментираат неговите сограѓани, животната приказна на Фреди е инспирација за многумина.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...