Како актерката од „Вовед во анатомија“ стана една од најплатените во светот!

Елен сега заработува 20 милиони долари секоја година за улогата на доктор Мередит Греј во ТВ-серијата „Вовед во анатомија“.

626

Елен Помпео по две децении во индустријата на забавата и улогата во филмот „Фати ме ако можеш“, серијата „Вовед во анатомија“ и музичкиот спот „Bad Blood“ на Тејлор Свифт, стана една од најплатените ТВ-актерки на светот и си обезбеди богатство кое не може да се преброи.

Како Елен дојде до тоа богатство?

Откако ја започнала својата актерска кариера и ја играла улогата во „Вознемирена девојка“ во филм за кој веројатно никогаш не сте слушнале, Елен сега заработува 20 милиони долари секоја година за улогата на доктор Мередит Греј во ТВ-серијата „Вовед во анатомија“ („Форбс“ вели дека заработила 22 милиони долари во 2019 година). Но, таа не ги добила само тие милиони. Покрај напорната работа, таа мораше да оди дури и кај првите луѓе на Еј-би-си за да ги убеди дека заслужува повеќе.

– Кога вашето лице и вашиот глас се дел од нешто што генерира 3 милијарди долари во една од најголемите корпорации во светот, ќе почнете да размислувате дека заслужувате нешто од тоа – вели Елен.

Исто така, Елен има приходи кои доаѓаат многу подоцна откако нешто ќе сними. Тоа е, секој пат кога еден од нејзините филмови повторно се прикажува, таа добива повеќе пари.
Изгледа дека славните имаат куќи колку и обичен граѓанин чевли.

Помеѓу август 2017 и април 2018 година, Елен и нејзиниот сопруг ги ставија своите три куќи на продажба. Со оглед дека сите домови се на ексклузивни локации како Холивуд Хилс и Саг Харбор, добија 2,08 милиони долари само за еден од домовите.

Според Celebrity Net Worth, Елен вреди фантастични 70 милиони долари, многу повеќе отколку, на пример, богатата Кортни Кардашијан, проценета на 45 милиони долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...