Не станува збор за 5 отсто или 15 отсто туку цените се двојно и тројно повисоки. Ова ги надмина и моите очекувања, иако имав информација за злоупотреби за договарањето во „четири очи“.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, во денешното гостување во емисијата „Отворено на 1 ТВ“, обелодени дека актуелната влада со кинеската компанија „Синохидро“ склучувала договори кои се со драстично пониски цени во споредба со сумите што компанијата за истите позиции ги инкасирала од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што посочи Китанов, „Синохидро“ на тендер за патниот правец Крупиште-Кочани понудил 574 денари за тампон од дробен камен, додека истата позиција за автопатската десница Миладиновци-Штип вредела 2.202 денари по кубен метар.
За набавка, транспорт и изработка на битуменизиран долен носив, пак, за Крупиште-Кочани сега била постигната цена од 55 денари со „Синохидро“, додека своевремено за Миладиновци-Штип оваа услуга чинела 107 денари по сантиметар.