Какви приказни раскажува Музејот на раскинати врски (ГАЛЕРИЈА)

271

Предмети кои припаѓаат на едно заедничко минато, односно спомени и подароци кои веќе не му припаѓаат на никој, после распадот на една љубовна врска.

Таканаречениот Музеј на раскинати врски, во кој партнерите се „ослободуваат“ од заедничките спомени, после 11 години се врати повторно во Македонија. Музејот изобилува со сеќавања на прекинати врски. Чорапи, маици, писма, играчки, огледало, штикла, билети, се меѓу донираните предмети кои се изложени во МКЦ.

Создаден е по идејата на Олинка Виштица и Дражен Грубишиќ од Хрватска, кои откако ја прекинале нивната љубовна врска решиле да ги изложат сите предмети што ги потсетуваат на нивното заедничко минато.

The Museum of Broken Relationships годинава порталот http://www.travelnerd.com го вброи меѓу 10-те светски најчудни музеи, а точно пред две години ја доби и наградата Kenneth Hudson за најиновативен музеј во Европа.

Музејот ќе биде отворен до 1 февруари. Изложените предмети потоа ќе бидат пренесени во музејот во Загреб.

Прамен коса

Помалку од два месеца, Скопје, Македонија

Па… Многу кратка врска, ама ментално тешка и ”луда ”, што ме донесе до момент на комплетно лудило… Си ја скратив косата и живеев без неа долго време, и никој не ме сакаше… И бев среќна.

Црвена перика

Њујорк, САД

Заедно со облеката и ЦД-ата што ги оставив во нејзиниот стан, бившата девојка ми ја испрати и оваа перика што не сум ја видел порано, без порака. Можам само да претпоставам дека ја купила пред да раскинеме, за исполнување на некоја сексуална фантазија.

Црни патики „пума“

Скопје, Македонија

Одев по твоите патишта, но не ја постигнавме нашата конечна дестинација.

Буквата „Т“

Неколку дена во ноември, пред неколку години

Љубљана, Словенија

Се запознавме преку мејл. Кога се сретнавме во живо, заедничкиот интерес беше изгубен и тој ми ја даде буквата „Т“ од тастатурата, за тоа што повеќе не му била потребна.

Играчки

Неколку месеци до 1995

Сараево, Босна и Херцеговина

Почна многу слатко, како две мали кученца, а заврши како чиста мајмунска работа.

Часовник

1973-2007

Скопје, Македонија

Подарок од друштво. Како и да е, кога наследството од фамилијата се подели, никој не покажа интерес за него. Висеше на ѕидот, тивок сведок за бескрајното движење на времето, каде што само љубовта, среќата и желбата го означуваат почетокот и крајот. Продолжив понатаму, и овој часовник, спомен од едно убаво време, продолжува да создава нова приказна, наоѓајќи го своето место во ѕидот.

Фото: Арбнора Мемети

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...