ГДУ: Каква игра игра Христијан Мицкоски за референдумот?

779

Граѓанско демократската унија прашува каква игра игра лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со партискиот став околу референдумот за името. ГДУ оценува дека со чекање до септември за да соопшти дали ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на референдумот или ќе бојкотира, Мицкоски демонстрира непринципиелно и крајно несериозно однесување.

„На 22 јуни лидерот на ДПМНЕ излезе и рече дека ако реферндумот биде незадолжителен , партијата нема да го признае како волја на народот. На 6 јули истиот Мицкоски рече дека ќе го чека прашањето, па ќе одлучи дали ќе излезе ДПМНЕ на референдум. Потоа бевме сведоци на политичкиот пазар во Клубот на пратеници,со условување на реферндумскиот процес за остварување на партиските интереси. По пазарот и собранискиот циркуз, ДПМНЕ рече дека за нив е неприфатливо прашањето оти било повеќеслојно, па потоа да излезат и да кажат дека партијата нема да биде алиби за капитулантски договор. Сега нецели два месеци подоцна, кога веќе се познати деталите, Мицкоски сè уште не знае што ќе прават, дали ќе излезат на референдум или ќе бојкотираат. Ќе чека до 10 септември, за да и го соопшти ставот на јавноста. Непринципиелно и крајно несериозно однесување“, соопшти ГДУ.

Партијата вели дека јавноста со право се прашува какви калкулации се прават и зошто се тактизира и ја повикува ВМРО- ДПМНЕ да и одговори на јавноста дали постои друг пат за ЕУ и НАТО, и ако овој договор е капитулантски, кој е нивниот модел за подобар договор?

„Време за губење нема. Политичарите, особено лидерите на најголемите парламентарни партии се должни да го кажат јасно и гласно партискиот став, одлуката сепак ја носат граѓаните, дали ќе застанат позади лидерот или ќе постапат според сопственото убедување. Затоа апелираме да запрат тактизирањата и манипулациите.
До граѓаните сакаме да испратиме порака дека референдумот и визијата за иднината на земјата не треба да се врзува со поддршка за една или за другата партија. Ова е можност за надпартиска одлука“ се наведува во соопштението на ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...