Кака: Фирмино и Суарез се најдобрите напаѓачи во светот

123
ФОТО: EPA / Enric Fontcuberta

Легендата на Милан и Бразил, Кака смета дека неговиот сонародник Роберто Фирмино е најдобриот напаѓач на светот, заедно со оној на Барселона – Луис Суарез.

Тој е исто така на мислење дека Лионел Меси може да ги напушти Каталонците, откако неодамна влезе во расправија со директорот Ерик Абидал.

– Алисон е најдобриот голман на светот во моментов, Фабињо е еден од најдобрите играчи од средниот ред и Фирмино и Луис Суарез се најдобрите напаѓачи. Фирмино има одлично разбирање за неговата позиција на теренот и може да ја промени во зависност од развојот на средбата. За мене како Бразилец е прекрасно што моите сонародници се на ниво и жнеат успеси во Премиер лигата – изјави освојувачот на Златната топка во 2007 година за „Скај Спортс“.

Кака исто така го опиша менаџерот на тимот од Мерсисајд како „пионер“, но предупреди дека ќе биде тешко да се повтори сегашната кампања.

– Во Премиер лигата, тешко е да се задржи тоа ниво во последователни сезони. Ливерпул се во одлична форма и има одличен ментор. Јирген е пионер – тој не се мачи да прави промени и да пробува различни работи. Премиер лигата е толку силно првенство поради тренерите во лигата – смета тој.

Што се однесува до конфликтот помеѓу Меси и Абидал, тој го сподели следново: „Тешко е да се суди однадвор. Не знам дали Меси сака да си замине или сака само да го заштити својот тим како капитен. Абидал зборуваше во име на спортски директор. За мене лично, нема да биде проблем Меси да игра во друг шампионат. Се зависи од тоа што сака да направи во иднина. Кога Кристијано Роналдо го напушти Реал Мадрид, сите приврзаници на тимот беа тажни, но сепак тоа беше нов предизвик. Меси исто така може да се обиде – да биде најдобриот фудбалер на светот во друг клуб.

ФОТО: EPA / Enric Fontcuberta

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...