Суд во Русија го осудил Јуриј Картижев со парична казна од 30 илјади рубли или 470 американски долари, поради тоа што во две објави на социјалната мрежа „Vkontakte“ го нарекол рускиот претседател Владимир Путин „неверојатен ш***к“.
Наводно, тој ги напишал објавите два дена откако на сила стапил новиот закон, односно на 31 март.
Ова е првата пресуда според новиот закон во Русија, според кој се казнува навреда или непочитување на власта и државните симболи.
ФОТО: EPA / ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KRE — // themoscowtimes.com / Vkontakte