Казнети 81 моторџија синоќа во Скопје

208

Полицијата синоќа на територијата на Скопје санкционирала 81 возач на мотор поради прекршоци во сообраќајот, информира Министерството за внатрешни работи.

„Во периодот од 20 часот на 6.07.2019 до 1 часот на 7.07.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за прекршоци од возачи на мотори. Притоа, сторени се вкупно 81 прекршок од возачи на мотори и издадени им се 78 прекршочни платни налози и три мандатни платни налози“, се наведува во соопштението од МВР.

Од Министерството додаваат и дека се откриени и 43 останати прекршоци за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...