Сопатник во тешко моторно возило се здобил со тешки телесни повреди, а двајца се здобиле со лесни телесни повреди во три сообраќајни незгоди од вкупно осум што се случиле изминатото деноноќе на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 50 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, три кои управувале возило под дејство на алкохол, 13 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четири возачи почетници.
Издадени се и 70 казни за непрописно паркирање, три за нерегистрирани возила и една за претовар, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 67 возила.
Полицијата санкционирала и пет возачи кои поминале крстостница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престигнување, еден за не користење заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, девет за не носење сигурносен појас за време на управување моторни возила и 41 за користење мобилен телефон при управување моторни возила.