Казнети 54 возачи во Скопје за брзо возење

86

Едно лице се здобило со лесни телесни повреди во една од вкупно четири сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во три била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 54 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, пет возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач за неправилно престигнување, девет возачи за не носење сигурносен појас и 29 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило. Санкционирани биле и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 17 возачи, од кои тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 13 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач почетник, како и девет нерегистрирани возила.

Затекнати биле 84 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 75 возила.

Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на  возачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...