Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера од 18.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје. Притоа, откриени се 49 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци и издадени им се исто толку прекршочни платни налози.
Откриени се и 20 останати прекршоци за кои се издадени 10 прекршочни платни налози и 10 мандатни платни налози.