Казнети 104 возачи во Скопје за пребрзо возење, а 31 биле пијани

161

Во Скопје се случиле 43 сообраќајни незгоди во изминативе три дена, од кои три се со тешки телесни повреди, 22 со телесни повреди и 18 со материјална штета. Вкупно 104  возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената –  информираат денеска од полицијата.

При сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 41 со лесни телесни повреди.  Исклучени сообраќај се и 63 возачи, бидејќи 31 го управувале возилото под дејство на алкохол, 26 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест биле возачи почетници.

А 26 возила се исклучени од сообраќај, бидејќи 24 биле нерегистрирани и две технички неисправни. Казнети се и осум возачи кои поминале на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, а петмина неправилно се престроиле. Во текот на изминатите денови издадени се 182 мандатни платни налози, а 110 возила биле кренати со “Пајак”.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...