Во текот на вчерашниот ден во Скопје санкционирани се четворица возачи за управување на возило пред да се стекнат со тоа право, а еден возач за поминување крстосница на црвено светло.
Се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 17 лица поминале со полесни повреди, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.
Регистрирани се 14 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 10 возила.