Во јапонската област Гион, позната по раскошните улици, традиционални куќи и гејшите, воведена е забрана за фотографирање без дозвола.
На оние што ќе ги прекршат новите правила им следува казна. Новите правила вклучуваат забрана за фотографирање на приватни патишта и сликање со гејшите и нивните помошници, важат од 25 октомври, јавуваат тамошните медиуми.
Надлежните ќе користат и видео-надзор, а казната изнесува 10.000 јени (околу 80 евра).
ФОТО: EPA / EVERETT KENNEDY BROWN