Казахстан го преименува главниот град Астана во Нур-Султан

Тоа е четвртпат во последните 60 години главниот град да го менува името, а дел од локалното население и опозициските политичари протестираа против промената, која стана официјална денеска.

524

Казахстан денеска го смени името на главниот град Астана во Нур-Султан во чест на долгогодишниот претседател Нурсултан Назарбаев, кој минатата недела неочекувано, по 30 години на власт поднесе оставка.

Тоа е четвртпат во последните 60 години главниот град да го менува името, а дел од локалното население и опозициските политичари протестираа против промената, која стана официјална денеска откако декретот го потпиша времениот претседател Касим-Жомарт Токаев.

Градот со околу милион жители во минатото се викаше Акмолинск, Тселиноград и Акмола, пред да биде наречен Астана (во превод главен град) кога во 1997 година Назарбаев ја премести таму престолнината од Алмати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...