Казахстански олимпиец убиен при обид за грабеж

378

Казахстанскиот олимпиец, Денис Тен, кој на зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година го освои бронзениот медал во уметничко лизгање, денеска бил убиен при обид за грабеж во Алмати.

Како што соопштија локалните власти, 25-годишниот Тен неколкупати бил избоден додека се обидувал да спречи две лица, кои краделе делови од неговиот автомобил.

Тој бил пренесен во болница со неколку убодни рани во пределот на слабината, но по неколку часа им подлегнал на повредите.

Освен бронзениот медел од Сочи, Тен го освои среброто на Светското првeнство во уметничко лизгање во 2013 година во Лондон, како и бронзен медал од Мундијалот во 2015 година во Шангај.

 Фото: EPA/TATYANA ZENKOVICH 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...