Кадиев: Ни оди во прилог тоа што сведоците велат дека Јанева не барала пари

2167

Дељо Кадиев, адвокат на ексшефицата на СЈО Катица Јанева,по судењето за случајот „Рекет“, изјави дека имало неконзистентност во изјавите. Тој рече дека на неговата клиентка ѝ оди во прилог тоа што сведоците рекле оти таа не барала пари.

– Ни оди во прилог тоа што сведоците велат дека Јанева не барала пари – рече Кадиев.

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, по рочиштето за „Рекет”, рече дека сведоците на Обвинителството на денешното судење дале контрадикторни изјави.

– Има неверојтни контрадикторности во изјавите – рече Дуковски.

На дополнително прашање на новинарите дека во обвинението пишува за рекет од 1,5 милион евра, а во судницата се спомнуваат само 710 илјади евра и 350 илјади евра, рече дека тоа е најмалата контрадикторност.

Следното рочиште за „Рекет” е закажано за 25 декември кога треба да сведочат Зоранчо Митровски, Томе Главчев и Влатко Бошков.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...