Каде ќе летаат вработените во МЕПСО за 84.000 евра?

Критериум за доделување на договорот е најниска цена. 

490

Македонскиот електропреносник (МЕПСО) за две години планира да потроши  над 5.166.000 денари или 84.000 евра за авиобилети. Набавката  за која распиша тендер се однесува на резервација и набавка на услуги за воздушен транспорт на луѓе за временски период од 2 години.

Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 5.166.000 денари.

Критериум за доделување на договорот е најниска цена.

Неодамна МЕПСО склучи договор вреден 212 илјади евра, со „Леснина ми“, фирма од која набавува кујни, канцелариски мебел и гарнитури. Во договорот за јавна набавка, меѓу другото се и 39 клуб фотелји, за кои е потенцирано дека мора да бидат тапацирани со природна телешка кожа. За нив компанијата ќе плати речиси 14 илјади евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...