Повеќе од час и половина доцни собраниската седница на која се очекува да продолжи дебатата за потребата од уставни измени според Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција.
Дел од пратениците се во собраниската сала, но се уште не е дојден собранискиот спикер Талат Џафери за да го отвори продолжението на седницата.
Во претходните денови, барем според ставовите на пратениците искажани на говорница немаше најави дека опозицијата го сменила ставот во однос на Договорот со Грција.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ завчера се откажаа од своите дискусии и најавија дека ќе гласаат против уставните измени, но за денешната седница има пријавено пратеници од нивните коалициски партнери кои не се откажаа од говорење во парламентот.
Според Соња Мираковска од НСДП денеска не мора да се донесе одлуката и да се гласа, а одлуката околу гласањето сепак е во рацете на собранискиот спикер Талат Џафери.