Кадетската репрезентација на Северна Македонија вечерва беше поразена со 80-87 (35-43) од Словенија во мечот за пласман од 9. до 12. место на Европското првенство во Удине, Италија.
Словенците заслужено стигнаа до триумфот откако го контролираа резултатот, а во во поголемиот дел од натпреварот имаа и двоцифрена предност. Во третата четвртина го намаливме водството на Словенците на 55-60, но тоа беше се што успеаја да направат избраниците на Денис Дервишевиќ.
Во последната четвртина „жолто-црвените“ немаа сила за пресврт, па Словенија славеше со 87-80.
Мемед беше најефикасен во нашиот состав со 25, додека Митревски реализираше 20 поени.
Северна Македонија има шанса со победа да го затвори турнирот и тоа против Израел, против кого ќе се бори за 11. позиција на ЕП.
Фото: РФМ