Кадетските репрезентативци на Северна Македонија против Босна и Херцеговина го запишаа вториот триумф на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое се игра во Удине, Италија со 76-64 (19-20, 14-14, 30-14, и 13-16).
Со оваа победа, кадетите обезбедија опстанок во А дивизија. Последните три рангирани земји идното лето ќе настапуваат во дивизија Б.
Андреј Митревски со 25 поени беше најефикасен во македонскиот состав.
По ден предвиден за одмор (15. август) нашите репрезентативци ќе продолжат со настапот на првенството против Словенија, со која ќе се бориме за пласман од деветтото до дванаесеттото место.
Натпреварот е закажан за 16. август, со почеток во 21:00 часот.