Kадетската репрезентација на Северна Македонија ја совладаа Аргентина со 26-29 (8-15) и заврши на 13-тото место на Светското ракометно првенство (СП) кое се игра во Скопје.
„Жолто-црвените“ имаа водство во текот на целиот натпревар и дојдоа до рутинска победа, со што делумно се реваншираа за поразот на отворањето на првенството.
Најдобар кај нашиот национален тим беше Симоноски со 9 гола, а Младеновиќ помогна со 6, додека кај „гаучосите“, Гарсија заврши со 5 погодока.
Кадетите на Северна Македонија го завршија својот прв настап на СП. Тие групата ја завршија со две победи над Нигерија и Бахреин и три порази – од Аргентина, Данска и Јапонија.
Во осминафиналето бевме поразени од Португалија.