Кавга за мигранти меѓу Италија и Малта

И двете семји тврдат дека бродот со мигранти е во водите на спротивната држава.

108

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини изјави дека брод со 450 мигранти, за кој се смета дека е во малтешки води, не може да дојде во Италија.

„Малта, трговците со мигранти и хуманитарците од цела Италија и од целиот свет да знаат дека овој брод не може и не треба да дојде во италијанско пристаниште“, напиша Салвини на Твитер.

Министерството за внатрешни работи на Малта соопшти дека бродот се наоѓал на 53 наутички милји од италијанскиот остров Лампедуса и 110 наутички милји од Малта, кога Координативниот центар за поморско спасување во Рим ги известил властите на Малта.

Министерството додаде дека луѓето на бродот изразиле желба да одат во Лампедуса, и бидејќи бродот бил на отворено море, Малта не може „да им кажува што да прават“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...