Кавадарчани возат право на кружен тек

498
ФОТО: МИА

Несовесни учесници во сообраќајот возат преку новиот кружен тек во Кавадарци и ја газат тревата. Јован Ристов, вработен во Јавното претпријатие “Комуналец”, рече дека ќе ја средат состојбата на терен, но дека ја осудуваат ваквата постапка на поединци.

Реагираа и од еколошкото друштво “Еко-живот”.

– Апелираме за поголема еколошка свест и повеќе грижа за јавните добра – нагласи претседателот Роберто Паризов.

Незадоволни од несоодветното однесување на одделни лица се и жителите во тој дел на градот кај реката Луда Мара, кои бараат надлежните да преземат мерки против оние кои вандалски се однесуваат.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...