Кавадарчанец тешко повреден од удар на „лада“

65

Шеесет и шестгодишен кавадарчанец се здобил со тешки повреди вчера по удар од патничко возило „лада” на пазарот во Кавадарци.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска изјави дека возилото со кавадаречки таблички го управувал 46-годишен жител од населбата Глишиќ.

Повредениот бил задржан на лекување во Општата болница во Кавадарци.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...