Општина Кавадарци во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети“ започнува со реализација на Форуми во заедницата и ве поканува да бидете дел од нив.
Oрганизаторот ве поканува да присуствувате на форумот на заедница каде со вашите идеи и потреби одлучувате како ќе ја изградите вашата иднина. Ова се проектни форуми за кои е обезбеден фонд од 50 000 CHF , а ќе се финансира најмалку еден, а најмногу три проекти. Проектите кои ќе ги подготвуваат граѓаните ќе бидат за интервенција во областа на Социјална инклузија, информираат од општината.
Првата форумска сесија ќе се одржи утре 19.јуни 2019 година во салата на Општина Кавадарци со почеток во 13 часот.
На денешната прес конференција градоначалниот Митко Јанчев и Ненад Јовановиќ -од Форуми во заедницата говореа за значењето на утрешната прва сесија.