Кабранов: Како главен уредник во 1ТВ добивав само хонорар од 50.000 денари

Да ви помогнам докрај во истражувањето. Да, од Бојан за роденден добив кошула и марама и тоа е се, пишува Кабранов на Фејсбук, по објавата на Канал 5, дека телевизијата истражува дали дел од новинарите на 1ТВ покрај високите хонорари, добивале и рекламно време, пораќувајќи и на телевизијата, истражувањето да го почне или да го заврши во сопствениот двор.

3634

Главниот уредник на 1ТВ, Ацо Кабранов, по објавата на Канал 5, дека телевизијата истражува дали дел од новинарите на 1ТВ покрај високите хонорари, добивале и рекламно време, одговори преку својот профил на Фејсбук дека од 1 ТВ добивал само хонорар од 50.000 денари и ништо повеќе.

„Свесен сум дека 1ТВ ои пред тоа беше, но со аферата појачано ќе биде вреќа за боксирање и офирање на, како не викате, ѕвезди, бардови и слично. Јас како главен уредник од првиот ден имав хонорар од 50 илјади денари, не евра, да не се збуните и целиот износ го примав не на рака туку преку авторска агенција со платен персоналец.

Последните два месеца менаџментот самоиницијативно ми го покачи хонорарот на 70 илјади, а после сам го прекинав ангажманот од здравствени прицини. Се ова околу сумите има во авторска агенција а имам и јас дома, може да ви ги дадам на увид.

Рекламни минути ни во оваа како во ниедна телевизија каде сум бил, сум немал, така да се што сум добивал од 1ТВ е документирано во авторска.

Да ви помогнам докрај во истражувањето. Да, од Бојан за роденден добив кошула и марама и тоа е се.

Ве охрабрувам да истражите се, но да не се заобиколите себеси и сестринските медиуми“, пишува Кабранов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...