Новинарот Ацо Кабранов, кој работеше во телевизијата на Бојан Јовановски, 1ТВ, денеска преку статус на Фејсбук, реагираше на сведочењето на Камчев во случајот „Рекет“.
Камчев го обвини Боки 13 дека ги злоупотребувал и политичарите и новинарите. Дека го малтретирал Кабранов на телефон и дека му се јавувал со мутиран глас.
Новинарот Кабранов се огласи на Фејсбук.
– Утрово неколку новинари ми се јавија да ми пренесат дека Камчев во сведочењето посочил дека Боки и Сергеј со мутирани гласови ми се јавувале и ми се заканувале. Во интерес на вистината, неколку месеци имав такви јавувања од непознат човек кој се претставуваше дека е од некакво истражно биро од Канада. Тој ми го издиктира матичниот број и мојата лична адреса и ми рече дека сум жртва на сајбер криминал. Јавувањата траеја неколку месеци и преку ден и во ноќните часови и секогаш беа како да ме бара Боки од неговиот број. Истото му се случуваше и на Боки, му покажуваше како јас да го барам. Многу пати телефонот на Боки стоеше пред него на маса, а мене ми ѕвонеше мојот телефон и се појавуваше неговиот број и секогаш беше истиот човек со истата приказна.
Јас единствено се вознемирив што го знае мојот матичен број и мојата сметка во банка, плашејќи се да не ме задолжи некој. Пријавив во банката каде што имам сметка, а потоа и во МВР. Таму кај директорот на БЈБ бев со Боки бидејќи и на него му се случуваше истото. Признавам, се вознемирив кога одејќи по скалите кон канцеларијата на БЈБ ми заѕвоне телефонот и пак тој господинот со опомена дека не е добро што пријавувам во полиција. Директорот на сајбер криминал во МВР не сослуша и рече ќе провери и ќе се јави.
Утредента ме извести дека од МОБИЛНИТЕ ОПЕРАТОРИ добил инфо дека постоеле некакви апликации кои се купувале ефтино, чинам рече од Србија, и така малтертирале луѓе и дека се немоќни да заштитат од тоа. Јавувањата продолжија со истата приказна и дека е спремен да дојде да ми пренел некакви информации за што се работи. Секогаш го одбивав грубо, дури и му се дерев да престане да малтертира. Јавувањата продолжија и по притворувањето на Боки, последниот повик го примив пред десетина дена. Сега сум тотално збунка, не ми е јасно како стасало инфото и до сведокот Камчев. Не некој да ме задолжи па да морам да враќам. Сега ми е јасно дека се било фарса, од кој не знам, но сум бил како Алиса во земјата на чудата. Тоа е вистината – пишува Ацо Кабранов на Фејсбук.