Кабинет на Ципрас: Мицотакис нека достави предлог за гласање недоверба на Владата

328
ФОТО: EPA-EFE / NIKOS ARVANITIVIS

Kабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас го повика лидерот на опозициската партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис да достави предлог за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

– Лицемерието на Нова демократија која веќе три години бара избори и сега обвинува за наводна неизвесност, ги поминува сите граници, оценува Кабинетот на Ципрас.

Во соопштението се наведува дека партијата може да ги реши сите дилеми ако нејзиниот лидер, Мицотакис „биде подготвен да ја спроведе неговата закана што ја најавува толку време и да достави предлог за гласање недоверба на Владата во Парламентот, за да се покаже неговата сила.

Фото: EPA/EFE/NIKOSARVANITIVIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...