Кабинет на Ципрас: Ако нема ерга омнес и уставна ревизија, дискусијата за било какво име е празна содржина

1014

Дискусијата за било какво име е празна содржина, ако прво не се исполнат предусловите на Владата, коментираат од кабинетот на грчкиот премиер во врска со натписите во медиумите и ги споменуваат грчките позиции за ерга омнес име и уставна ревизија.

Во соопштението испратено до медиумите, ја повторуваат вчерашната изјава на Алексис Ципрас по средбата со Зоран Заев дека поминат е голем дел од патот, но сѐ уште постои растојание што треба да се помине.

– Оттука, дискусијата за било какво име е празна содржина, ако прво не се исполнат двата основни предуслови, што ги има поставено владата, следејќи ја националната линија од почетокот на преговорите за името. Односно дека:

1.Ерга омнес со уставна ревизија е неопходен предуслов за да постои договор.

2. Спроведувањето на уставната ревизија е неопходен предуслов за интеграција во меѓународните организации (ЕУ-НАТО), соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...