Пендаровски бара Антикорупциска да провери дали има судир на интереси кај Муслиу

ВМРО-ДПМНЕ обвини директорот на агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, за негов помошник назначил лице кое досега било ангажирано како проектен истражувач на невладината организација „Нексус“, регистрирана на домашната адреса на Муслиу.

835

Кабинетот на Претседателот по обвинувањата изнесени од ВМРО-ДПМНЕ за наводен судир на интереси од страна на директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу бара Антикорупциската комисија веднаш да ги провери наводите. Од Кабинетот укажуваат и на политичка одговорност од, како што потенцираат, објавување непроверени и шпекулативни информации кои можат да го нарушат угледот на безбедносните служби на државата, особено во период кога земјите сојузници од НАТО ја спроведуваат постапката за ратификација на Протоколот за членство.

„Во однос на прес-конференцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во која се посочува на наводен судир на интерес од страна на директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу во однос на кадровски решенија во АР – Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија ја повикува Државната комисија за спречување на корупција истите да ги провери веднаш“, се наведува во реакцијата.

 

ВМРО-ДПМНЕ обвини директорот на агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, за негов помошник назначил лице кое досега било ангажирано како проектен истражувач на невладината организација „Нексус“, регистрирана на домашната адреса на Муслиу.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...