И 16-годишна девојка сомнителна на коронавирус, полицајци ги чуваат само дел од изолираните

930

По 15 часот денеска ќе се знае дали и 16-годишна девојка е заразена со коронавирус, откако таа добила невообичаени симптоми на инфекција на горните дишни патишта. – изјави денеска на прес-конференција во Владата министерот за здравство, Венко Филипче.

Доколку резултатот е позитивен, таа ќе биде осма заболена од новиот вирус. Веќе заболените се во стабилна здравствена состојба.

Филипче нагласи дека полицајци ќе ги чуваат оние лица во самоизолација за кои епидемиолозите ќе дадат таква препорака.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...