И Јане го прими лекот Спинраза

984

Малиот Јане денеска на Клиниката за детски болести го прими лекот Спинраза. Во изминатиот месец, сите 7 деца со спинална мускулна атрофија ја примија потребната терапија. Овој лек претставува најсовремена терапија што се дава во најразвиените земји во светот – информираа денеска од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека значително го зголемиле буџетот на Програмата за ретки болести. Во 2016 година, буџетот изнесувал 203 милиони денари, додека пак во предлог-буџетот за 2020 година предвидени се 527 милиони денари.

– За две години, воведовме пет нови лекови: за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, лек за апластична анемија, лек за спинална мускулна атрофија, ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше и лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза – додаваат од Министерството.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...