И Штип „на готовс“ за најавеното невреме

Јавните претпријатија „Стипион 2011“ и „Исар“ ќе бидат подготвени со човечки капацитети од околу 150 луѓе, кои ќе бидат достапни за општинскиот штаб за време на поплави и невреме, а додека ТППЕ –Штип на располагање има 35 пожарникари. 

240

Во Општина Штип денеска заседаваше кризниот штаб за заштита и спасување, со цел да се преземат превентивни мерки, но и да се информира населението при појава на поплави или други проблеми од најавеноото невреме.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, истакна дека општината заедно со двете јавни претпријатија од денеска е подготвена за секакви врнежи на дожд и невреме, со што со своите капацитети ќе бидат достапни за граѓаните со цел да не дојде до поголеми штети.

– Во општина Штип се најавуваат врнежи од дожд во вторник и среда попладне, со тоа што ние како Општински штаб мораме да ги презедеме сите мерки. Од денеска двете јавни претпријатија и Територијалната Противпожарна единица-Штип се во приправност со што сите нивни капацитети, механизација и човечки ресурси што ги имаат на располагање ќе бидат во 24 часовна приправност при повик од општинскиот штаб да бидат на терен и да ги преземат сите неопходни мерки, вели Бочварски.

Јавните претпријатија „Стипион 2011“ и „Исар“ ќе бидат подготвени со човечки капацитети од околу 150 луѓе, кои ќе бидат достапни за општинскиот штаб за време на поплави и невреме, а додека ТППЕ Штип на располагање има 35 пожарникари. Бочварски додаде дека Општина Штип преку ЈП „Стипион 2011“ и ЈП „Исар“ во моментот располага со 100 кубици песок и во зависност од потребите ќе биде обезбедена поголема количина на песок во идниот период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...