Актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска била на листата предложени сведоци за 27 април од страна на одбраната на обвинетиот Мунир Пепиќ.
– По увидот во нејзиниот исказ во обвинителството сметаме дека нема дополнителни информации кои може да ги даде во интерес на одбраната – рече адвокатот на Пепиќ, Еленко Миланов.
Пепиќ го предложил и Никола Тодоров, но тој веќе сведочеше по предлог на обвинителството.
Во моментов во судница влезе пратеникот Влатко Ѓорчев кој исто така е по предлог на Пепиќ.