И шеиците пијат вода од Гари

5535

Големата конкуренција на странските пазари честопати може да биде проблематична за брендовите од помалите земји, како што е на пример Македонија, на кои и покрај квалитетот што го нудат им треба подолго време додека се промовираат на пазарите во други држави. Но, за водата „Maya“ таквото правило не важи. Иако оваа вода се појави на македонскиот пазар пред само три години, за кратко време ја зацврсти својата позиција на домашниот пазар и ги освои потрошувачите во земјава како природна вода од селото Гари, еден од еколошки најчистите региони во светот. Речиси во исто време со освојувањето на домашниот пазар, водата „Maya“ почна да се извезува на неколку различни пазари во регионот, во Источна Европа, но и на Блискиот Исток.

На македонскиот пазар „Maya“ се појави како нов бренд, кој за многу кратко време застана рамо до рамо со веќе етаблираните брендови вода од земјава, но и увозните брендoви од земјите во регионот. Природната средина од каде што извира водата „Maya“, од срцето на природата, нејзината беспрекорна чистота и квалитет, се најважните карактеристики со кои оваа вода ги освои потрошувачите во Македонија и во другите земји во кои се извезува. Тренд во светот е конзумирање природни производи без никакви додатоци, што важи и за водата за пиење, а токму „Maya“ во овој дел ги задоволува барањата и потребите и на најпребирливите потрошувачи.

Во моментов од земјите во регионот водата „Maya“ се извезува на Косово и во Црна Гора, а во тек се подготовки за влез на овој бренд и на останатите пазари на Балканот. Во останатиот дел на Европа, „Maya“ бележи присутност и на рускиот пазар, при што во завршна фаза е регистрацијата на оваа вода за пазарите во Европската Унија со што ќе се овозможи нејзин пласман и во земјите-членки на ЕУ. Надвор од Европа, „Maya“ се извезува во земјите од Блискиот Исток, со аспирации и планови да го покрие целиот Голфски Залив каде што како премиум производ ги освои тамошните потрошувачи кои имаат искучително високи критериуми за увозните производи, особено на водата за пиење.

– Како нов бренд на пазарот, „Maya“ бележи одлични резултати во секој сегмент на продажбата на македонскиот, но и на извозните пазари на кои во краток период со помош на сериозните партнери во делот на дистрибуцијата и маркетингот, „Maya“ полека, но сигурно си го наоѓа местото меѓу конкурентните производи. Блискиот Исток е сосема друга приказна. Таму потрошувачите ја прифатија „Maya“ како премиум бренд кој е рамо до рамо со светски познатите брендови присутни на тој пазар – вели Методија Илиевски, менаџер за продажба во компанијата „МЛ-Гари“ којашто ја полни и пакува водата „Maya“.

Според него, следниот предизвик за менаџерскиот тим на „Maya“ е влезот на пазарите во ЕУ, каде што по добиената регистрација на брендот за овој пазар, ќе ги информираат потрошувачите за квалитетот на оваа вода и бенефитите од нејзиното конзумирање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...