И чоколадото има саем во Белгија

На саемот што се одржува во салонот „Тур Таксис“ со големина од 8.000 квадратни метри, учествуваат 130 производители на чоколада, главно од Белгија, која е позната во светот по производство на ова слатко задоволство.

256

Во белгиската престолнина Брисел почна познатиот Саем на чоколада „Салон Ду Чоколат”, кој привлекува големо внимание на јавноста и медиумите од Белгија и од остатокот од светот.

На саемот што се одржува во салонот „Тур Таксис“ со големина од 8.000 квадратни метри, учествуваат 130 производители на чоколада, главно од Белгија, која е позната во светот по производство на ова слатко задоволство.

Оваа година на саемот ќе бидат прикажани десетици видови слатки и чоколади, кои се произведуваат исклучиво во Белгија, а исто така се организира и дегустација на чоколадо и други слатки подготвени на чоколадна основа.

Посетителите исто така можат да видат бројни презентации започетоците на производство на чоколадо во светот, како и за популарноста на чоколадата низ историјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...