Изработката на граничната документација била главна тема на редовниот состанок на Мешовитата комисијата за чување, одржување, обновување и обележување на граничната линија и граничните ознаки на македонско – бугарската државна граница што се одржа на 26 и 27 февруари 2018 година во Софија, Република Бугарија.
Македонска делегација ја предводеше државниот секретар во Министерството за надворешни работи и претседател на Делегацијата на Република Северна Македонија во Мешовитата комисија, Виктор Димовски.
За време на состанокот, беа разгледани реализираните активности во врска со изработката на граничната документација од Гранична пирамида 72 до Граничната пирамида 106, како и активностите за извршеното чистење на потегот од 3 метри од македонско-бугарската државна граница и определувањето на координатите на граничните пирамиди и граничната линија од Граничната пирамида 1 до Граничната пирамида 50, а воедно беа договорени и активностите кои треба да бидат преземени од страна на Мешовитата комисија во 2019 година.
Наредниот состанок на Мешовитата комисија за чување, одржување, обновување и одбележување на граничната линија и граничните белези на македонско-бугарската државна граница ќе биде одржан во Скопје.