И утре опасно топло, од четврток значителна промена

Жолтата фаза продолжува и утре,, а дури од четврток ќе има значителна промена на времето, прогнозираат од УХМР

420
Photo: EPA / Vincent Jannink

На само пет дена од календарскиот почеток на есента, во Македонија и денеска  опасно високи температури и до 36 степени Целзиусови и жолта фаза, која продолжува и утре, прогнозираат од УХМР.

Дури од четврток ќе има значителна промена на времето.

–  Денеска и утре ќе се задржи многу топло за овој период од годината со температури и до 36 степени. Во повардарието и на југоистокот од земјата, денеска, а и утре, активно ќе биде жолто ниво за опасност од високи температури. А утре од пладне во северните делови ќе почне да дува засилен северен ветер, а попладне и долж повардарието температурите ќе бидат нешто пониски. На пример, во Крива Паланка ќе изнесуваат 27 степени. Веќе в четврток ќе настапи значителна промена на времето – ќе биде променливо облачно, со повремен дожд претпладне во западните делови, а температурите ќе бидат за 8 степени пониски од денешните – ни изјави дежурниот  синоптичар Борис Секирарски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...