Второлигашките натпревари во Аргентина нудат се и сешто, а во последниот случај главната улога ја има судијата.
Тој на општо запрепастување во 80. минута од натпреварот му пришол на помошникот и му побарал клуч од соблекувалната и заминал од теренот.
Никој во прв момент не сватил што се случува, за да се воспостави дека натпреварот е прекинат за судијата да оди во тоалет. Прекинот траел десетина минути.