Уште нашето знаме го немаат промашено… Ама има време.
***
Сакам да дојдат гости од Јапонија и погрешно да им го поставиме знамето. Верувам дека можеме!
***
Како правилно да гледаш знамиња на пречек кај Пендаровски…
***
„На пречекот на Ѓукановиќ кај Пендароски црногорското знаме поставено наопаку”.
Ако застанеше Ѓукановиќ на раце како амбасадорот на Израел ќе беше таман.
***
„На прав пат“ – СДСМ. „Road to hell’ – народот.
***
ВМРО организира предавање на тема „Однесувањето на жена во црква“.
Некој треба да им одржи предавање „Однесувањето на ВМРО во 21 век“.
***
Ова е покривот на ГТЦ. Не успеа ни Груевски да го уништи ГТЦ, ама имаме ние и други успешни луѓе.
Сосема логичен след на акцијата е ова: Гушни го ГТЦ – Се заљубуваш во ГТЦ (Го сакам ГТЦ) – на крај после љубов треба и секс (Еби го ГТЦ).
Фото: преземено без дозвола од Алекс Пејоски
***
„Боки 13: мојата состојба е животозагрижувачка”.
Настрана кој е и што е Боки, ако ова што го тврди е блиску до вистината, треба да му се даде шанса за соодветно лекување. Не е најголемиот криминалец во државата, тие се кои во странство кои на слобода, а од друга страна многумина поради неможноста да се лекуваат починале во притвор и затвор.
И многу поважен за целата ситуација и за правна разврска од Боки – Криминалецот е Боки – Сведокот. Сигурно на многумина би им олеснило да е тој во право за неговата здравствена состојба и воопшто да не излезе од притвор.
***
24 години од атентатот на Киро не најдоа кој стои зад него, ти сакаш да ти го најдат точакот, зимницата и картонот со стари чевли шо ти ги украле од визба.
***
„Светската агенција за мерни единици ја редефинира тежината на килограмот”.
Ѓоре од Лисолај на секое купување домати ја редефинираше, па шо…
(ФБ статуси на Божидар Божиновски алијас Мр. Моџо Килингтон)