И Стоилов нема да настапи против Русија

262

Македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов поради повреда во сабота нема да настапи на контролниот натпревар против Русија.

Ракометарот на Вардар се пожалил на болки во ципите и најверојатно ќе мирува две до три седмици.

Повредата на Стоилов е во исклучително неповолен момент и за Вардар, бидејќи „црвено-црните“ влегуваат во завршната фаза од одбраната на титулите во СЕХА лигата, а потоа и во Лигата на шампионите (ЛШ).

Тој засега е неизвесен за СЕХА Ф4 турнирот што ќе се одржи во Скопје следниот викенд, а потоа Врадар го чека двомечот со Кил во ЛШ за пласман на фајналфор турнирот во Келн.

Претходно беше соопштено дека и капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров по барање на неговиот клуб Нант нема да настапи против Русија.

Саботниот натпревар е дел од подготовките пред мундијалскиот бараж со Романија за пласман на СП во Данска и Германија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...