И со дронови од Скопје ќе се бараат преживеаните под урнатините во Драч

335

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов предмалку соопшти дека ќе биде испратенa екипа за помош на граѓаните во Албанија.

– Во договор со градоначалникот на Тирана, Град Скопје кон Драч ќе упати специјална екипа, опремена со термални дронови за помош при пребарувањето на преживеани под рушевините. Се што е можно правиме за помош во овие трагични моменти –  рече  Шилегов.

Силен земјотрес го стресе Драч утрово, а беше почувствуван и во Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...