Алијансата на Албанците е за пропорционален модел со отворени листи, изјави денеска претседателот на партијата, Зијадин Села.
– Ние сме за промена во избирачкиот законик. Бидејќи ова општество има потреба да се демократизира, тоа би почнало со промена на моделот на избор, а тоа би бил пропорционален со отворени листи. Време е да се подобри квалитетот на тие што го претставуваат народот, а најдобар начин за тоа е токму гласачите да ги изберат кандидите кои ги предлагаат партиите – рече Села.