Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, на прес-конференција најави дека бараат ратификувањето на протоколот за членство во НАТО да се одржи на пленарната седница на 11 декември, за да не се користи како причина за одложување на предвремените парламентарни избори.
– Време да поднесеме барање до владата и до сите политички партии дека поддржувањето на ваква иницијатива нема да биде прв пат. Затоа што има преседани. Имало слични случаи кога не гласале сите земји, како што е случајот со Црна Гора кога собранието гласаше за протоколот пред истото да се случи од сите земји членки на НАТО. Тоа е доволна причина за нас да гласаме – рече Села.
Тој, меѓу другото, истакна дека покрај случајот со Црна Гора, има и внатрешен преседан, спомнувајќи го случајот со ратификувањето на Преспанскиот договор, пред истиот да биде ратификуван во Грција. Лидерот на АА исто така истакна дека овој момент не треба да се искористи како причина за одложување на изборите и затоа ги повика сите политички партии да ја поддржат ваквата иницијатива.