И СДСМ ќе се заложи да се одложи законот за пазарџиите

338

СДСМ со внимание ги следи реакциите кои произлегоа од законските измени што ги засегаат граѓаните кои остваруваат трговска дејност на пазарите.  Затоа, пратеничката група на СДСМ ќе бара и ќе се залага за одложување на спроведувањето на  измените, со цел да се овозможи време засегнатите страни да дојдат до заедничко решение, изјави Диме Велковски пратеник на СДСМ.

– Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, ќе се најде решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да си заработи денар плус, но и решение кое ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија. Институциите, продавачите и организаторите на пазарите неопходно е на заедничка маса да дискутираат како да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со кое ќе бидат заштитени сите засегнати страни – рече Велковски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...