И СДСМ тврди дека не е точно дека има поскапување на цените на детските кардиоваскуларни операции

224

Нов ден, нова лага од белиот дворец. ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно се обиде да ги излаже граѓаните преку пласирање на лажни вести и невистини. Не е точно дека цените на детските кардиоваскуларни операции се зглолемени, како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, соопштија денеска од СДСМ. 

Од партијата нагласуваат:

– Како што јавно соопшти Министерството за здравство вистината е дека нема промени во цената на овие услуги  и тие остануваат бесплатни, односно на товар на Фондот за здравствено осигурување. Целосно неосновани се и тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно зголемување од околу 20 отсто по процедура за детска кардиохирургија. Цената по процедура е иста во Клиниката Жан Митрев, како што беше и на детската кардиохирургија – тврдат од СДСМ. 

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека опозициската партија предводена од Христијан Мицкоски е целосно посветена на лажните вести и веќе нема ниту идеја да излезе од матрицата на лаги и деструкции во која е длабоко завлезена.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...