И СДСМ е за Македонија да биде една изборна единица и за отворени листи

411

Тоа што го соопшти претседателот Стево Пендаровски, дека го поддржува пропрционалниот изборен модел со отворени листи, е постулат и од нашата изборна програма. Ние ова прашање го отворивме пред изборите, а и потоа неколку пати, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчпо Николовски кој од неодамна е и новиот генерален секретар на СДСМ.

Одговарајќи на новинарско прашање, Николовски потенцира дека сепак за промена на изборниот модел е потребен консензус од сите политички партии.

– Подготвени сме за повторно отворање на ова прашање и за дискусија. Принципот на една изборна единица ќе значи уште поголема демократија. Сакаме да ги вклучиме и граѓаните во носењето на одлуки – напомена Николовски по доделувањето на решенијата за поддршка на руралниот развој во општините.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...